За зголемиот број заразени

Заев го обвини Чулев дека дозволи непочитување на мерките

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го обвини техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев дека дозволил граѓаните да не ги почитуваат мерките и препораките, а со тоа, го загрозил нивното здравје.

Според Заев, поради таквото однесување на Чулев има зголемен број на новозаразени од коронавирусот.

„Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, дозволи непочитување на мерките и препораките и го загрози здравјето на граѓаните. Овие денови ги гледаме последиците од оваа неодговорност, имаме нов број на новозаразени од вирусот. Но, здравствените институции имаат капацитет и ќе се справат со оваа ситуација. Многу е важно да разбереме дека вирусот е тука и сите мора да ги почитуваме мерките за заштита“, рече Заев.

Наместо конструктивна критика од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, граѓаните биле сведоци на црни кампањи со лажни вести, клевети и инсинуации.

„За жал, како што Мицкоски се обидуваше да ги поткопа напорите да зачекориме на сигурен и стабилен пат кон ЕУ и НАТО, така сега се обидува да ги поткопува здравствените напори за борба против пандемијата, како и довербата на граѓаните во здравствениот систем“, додаде Заев.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе