По вчерашните средби

Заев, Ахмети и Ковачевски порачаа дека следните избори ќе бидат во 2024, Мицкоски најавува избори за догодина

Следните парламентарни избори, како што информираа од владината прес-служба по вчерашната средба меѓу премиерот во оставка Зоран Заев и претседателите на СДСМ и ДУИ Димитар Ковачевски и Али Ахмети, се очекува да бидат редовни и да се одржат во 2024 година. Наспроти ова, циноќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека очекува веќе следната година да има парламентарни избори на кои, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ со големо мнозинство ќе ја формира идната влада.

По средбата на Заев и Ковачевски со Ахмети, беше соопштено дека до 2024 година Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза. Обезбедено е стабилно парламентарно мнозинство кое заедно со Владата ќе дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државните интереси.  

„Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евроатлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, беше соопштено по средбата.

Вчера Ахмети се сретна и со Мицкоски, кој порача дека разговарале за спорот со Бугарија, за што тој ги повторил своите ставови.

„Имајќи ја предвид состојбата во општеството, криминалот и корупцијата нефункционалните институции, недисциплината, лошата економска и енергетска состојба во земјава и уште многу други фактори коишто негативно влијаат, мојот став е дека само со сериозен ресет на системот, многу макотрпна работа и нови луѓе можеме да излеземе од оваа кризна состојба од којашто се наоѓаме, а за тоа се потребни предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски по средбата со Ахмети.

Според Мицкоски, предвремени парлaментарни избори се потребни час поскоро. Тој напомена дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најголема пратеничка група со најголем број на грaдоначалници и советници, и како што рече, има политичко право и кредибилитет да бара предвремени парламентарни избори бидејќи победи на два пати на локалните избори и во првиот и вториот круг убедливо.

Мицкоски објасни дека предизборното коалицирање со некои од албанските партии како можност зависи од многу фактори. Заедничките интереси и заедничката платформа која треба да се формира која треба да ги содржи вредностите од новиот општествен договор од втората епоха кој беше промовиран на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирајќи го барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени избори, претседателот на државата Стево Пендаровски, вчера во гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека на државата ѝ недостига период без избори.

„Ако има 61 глас, ќе одиме на избори. Се разбира дека демократски донесена одлука треба да се почитува. Но, факт е дека имавме 5-6 изборни циклуси во седум/осум години наназад и факт е дека на државата ѝ недостасува период без избори, во кој треба да видиме што новите луѓе во новата Влада после Нова година можат да придонесат“, рече Пендаровски.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, вчера во изјава пред Собранието за можноста да има предвремени парламентарни избори, рече дека, живееме во демокрaтски систем и ако 61 пратеник одлучат да одиме на избори и се распушти Собранието, нормално дека ќе се оди на избори.

„Мислам дека Алтернатива направи голем чекор кон отворање на оваа врата за почеток на преговори со ЕУ. Ако Бугарија и Европската Унија се уште не се одлучни да ја отворат оваа врата во декември, мислам тогаш тоа ќе се случи во јануари, мислам дека ќе треба да почекаме. Не мислам дека тоа беше единствената причина што станавме дел од Владата, има многу причини, но ова беше навистина многу важно, и една од најважните“, рече Гаши.

Мицкоски најави дека во следниот период следуваат и промени во структурата на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека е можно проширување во делот на менаџментот на партијата, како и во Извршниот комитет.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе