Заев-Абазовиќ: Заедничката иднина на Скопје и Подгорица е во Европската Унија

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ на која беше истакната одличната соработка меѓу двете земји. Фокусот на соработката, како што соопшти владината прес-служба, е на унапредување на економските односи и зголемена трговија, подобрување на условите за привлекување странски инвестиции, но и споделување на искуства за унапредување на одделни гранки, земјоделството и туризмот.

Средбата е во рамки на активностите на Самитот на Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа" кој во организација на лондонски „Економист" денеска се одржува во Скопје.

Премиерот Заев и вицепремиерот Абазовиќ како особенo значајна ја оценија соработката и поддршката на двете земји во процесот на успешна европска интеграција со продолжување на успешните структурни реформи, согласувајќи се дека продолжува соработката и преку размена на посети на високо ниво и регионална соработка меѓу Република Црна Гора и Република Северна Македонија.

На денешната средба меѓу делегациите на Северна Македонија и Црна Гора, премиерот Заев подвлече дека иднината на земјите од Балканот е во заедничкото пријателство и соработка, потенцирајќи дека и регионалната иницијатива „Отворен Балкан" отвора многу можности за подобар живот на граѓаните во сите земји во регионот, создавајќи услови за зајакнување на економиите и побрз влез во Европската Унија.

Исто така, беше оценето дека оваа иницијатива има единствена цел, преку олеснување на трговијата, движењето на граѓаните и размената на искуства да се обезбеди ефикасна економска регионална соработка, отворање нови работни места, раст на Бруто домашниот производ и подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните од сите земји во регионот.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе