Забрана за влез во Македонија на бугарски државјанин, претседател на фондација „Македонија“

На Виктор Стојанов, бугарски државјанин и претседател на фондацијата „Македонија“ која се занимава со правата на Бугарите, му бил забранет влезот во Македонија, пишуваат бугарските медиуми.

„Патувавме за Скопје со членовите на фондацијата за да исчистиме споменик кој општината не го одржува соодветно. На границата усно ми беше соопштено дека имам забрана од една година за влез во државата. Испратив барање до Министерството за надворешни работи за да добијам официјално известување за причината на забраната. Информирани се и европските институции“, изјави за бугарските медиуми Стојанов.

И лани на 27 март македонските погранични власти на преминот Деве Баир не му дозволиле влез на Виктор Стојанов кој со себе имал 920 книги „Бугарски народни песни од браќата Миладинови“ кои наводно биле донација за Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија. 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе