ПРОТЕСТИ

„За заедничка Македонија“ побара Иванов да не подлегнува на притисоците (ГАЛЕРИЈА)

Во Скопје и во повеќе други градови во земјава вечерва продолжи протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со кој граѓаните изразуваат незадоволство за тиранската платформа и даваат поддршка за унитарноста на државата. 

 

Од граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва му порачаа на претседателот Иванов да не подлегнува на никакви притисоци и повторно побараа еврокомесарот Јоханес Хан утре да се сретне со нив за да можат директно да му ги пренесат пораките од улиците ширум Македонија. ­

„Ако комесарот не сака да не прими, ние што 22 дена сме на улиците и немаме намера да си одиме дома, ќе се погрижиме тој да не слушне“, рече Богдан Илиевски, еден од организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“ и за утре го најави најмасовниот протест досега.

 Актерот Васил Зафирчев потсети дека 22 ден во повеќе од 30 градови низ Македонија, луѓето се на улиците за да ги бранат, како што рече, црвено­жолтите бои, боите кои ги сакаат и кои им припаѓаат. ­

„Ако меѓународната заедница им мисли добро на овој народ и земја, најмалку што може да направи е јасно и недвосмислено да ја отфрли тиранската платформа која ги загрозува државните и националните интереси“, порача Зафирчев.

Според него, Македонија сѐ уште не е полноправна членка на ЕУ и на НАТО поради неприфаќањето на уставното име и негирањето на идентитетот.

Пред граѓаните говореше и поетот Славе Ѓорѓо Димоски кој се осврна на македонскиот јазик, на неговата историја, традиција и значење. ­

„Како да го делиме ова мало парче земја. Овде ние не сме многу Македонци, зборувачи на овој јазик и затоа  нема место во ова катче тој да се дели со друг јазик. Некои викаат дека имаат право на јазик. Да, имаат, веќе зборуваат, пишуват и учат. Но, тоа не може да биде во Уставот на Република Македонија, рече Димоски.

На иницијативата за заедничка Македонија вечерва се приклучија и параглајдеристите. 

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе