ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ

За заедничка Македонија од денеска настапува само со едно барање - избори за финална победа

Бараме предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Избори на кои народот ќе ја отфрли во целост тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава. Од денес натаму изборите се основното барање на граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија, на сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат, најавија денеска од иницијативата.

Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија и денеска во Скопје организираше протестни маршови „по патеката на државноста“, од Владата до Собранието.

Протестите во Скопје се одржуваат веќе 54 дена. Собири на греаѓани и денеска имаше во повеќе градови низ државата. Главните барања на граѓаните се против воведувањето двојазичност на целата територијата на државата, неприфаќање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.

Од иницијативата велат дека деновиве се испишува историјата на Македонија.

„Живееме во времиња кога се пишува историја. Македонија ги има најголемите и најмасовни протести во историјата. Тоа нè прави должни и уште посилни да истраеме во нашата битка, која е битка на принципи, вредности, верувања, битка за зачувување на државата, суверена, унитарна, граѓанска. И во овие времиња воопшто не е едноставно на која страна сте и што сте направиле. Години нанапред секој од вас на вашите поколенија може со гордост да каже, да јас бев за заедничка Македонија, да јас бев дел од одбраната на државата“, се вели во пораката до граѓаните.

Пред Народната канцеларија на претседателот на државата, Богдан Илиевски, еден од организаторите на протестите, рече дека Ѓорге Иванов ја има нивната целосна поддршка сѐ додека го брани суверенитетот на Република Македонија.

„Сѐ додека го брани Уставот на Република Македонија и не доделува мандат за формирање влада на Еди Рама и на тиранската коалиција. Сѐ додека е цврст, додека е железниот претседател ќе ја има нашата полна поддршка. Претседателе со вас сме“, реќе Илиевски.

За заедничка Македонија денеска го објавија т.н. македонски народен документ,  планот за натамошното нивно делување:

„Тиранската платформа нема да ја има. Избори во Република Македонија ќе има. Ние сме убедени дека изборите се најдоброто можно решение за дефинитивен крај на политиката и институционална криза во нашата татковина. И ние сме сигурни дека ќе ја оствариме нашата цел. И ние порачуваме избори ќе има. Избори веднаш! Нашата цел ќе биде остварена. За нејзино остварување предвидуваме прецизни чекори кои ќе почнеме да ги соопштуваме од следната недела. Ние предвидовме прецизни методи и активности со кои ќе стигнеме за реализација на оваа цел. Демократски методи, базирани на разум и мудрост, и базирани на сила, на силата на мудроста и силата на народот во македонските градови и села.

Бараме и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентрани избори во Република Македонија.

Стратегијата не ја откриваме во целост, но стратегија имаме, исто како и оперативни и технички и тактички можности за таа стратегија да ја оствариме без разлика на противникот во земјата и  надвор од земјата.

Ќе почнеме консултации со сите релевантни општествени субјекти, ќе ја побараме и ќе ја добиеме нивната поддршка затоа што имаме благородна цел. Избори. Избори за народен легитимитет на институциите. Избори за отфрлање на разнебитувачките сценарија и отфрлање на соросовите пари за корумпираните политичари и нивните полуги. Оваа држава не е лична своина на кој било амбасадор, странска организација, емисар или тесна политичка клика, оваа држава е на народот“.

Протестите продолжуваат во понеделник во 17 часот.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе