За владиката Пимен признавањето на МПЦ-ОА од Руската православна црква е уште една алка на спојување

Радосната вест е сѐ поблиску. Очекуваме наесен и официјално Вселенската патријаршија да издаде Томос за автокефалноста на МПЦ-ОА, изјави портпаролот на МПЦ-ОА владиката Тимотеј по повод признавањето на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската православна црква.

МПЦ-ОА ги стопи суетите помеѓу двете најголеми православни цркви, изјави владиката Пимен по веста дека РПЦ ја призна МПЦ-ОА. Овојпат сме алка што спојува одлука на православниот свет, а не камен на сопнување, Ова е силна порака за славјанскиот блок на цркви да се придружи кон прифаќањето на препораката, рече владиката Пимен.

Одлуката на Руската православна црква ја поздрави и директорот на комисијата за односи меѓу верниците.

„Нека православното братољубие биде посилно од поделбите и суетите, нека донесе мир, а нашата древна МПЦ- ОА нека се радува за големите дарови кои ни ги донесе оваа 2022“.

Руската православна црква во одлуката пишува дека го признава автокефалниот статус на сестринскта црква, онака како што одлучи Синодот на СПЦ. Во официјалното соопштение стои дека биле добиени две писма, едно во јули од архиепископот охридски македонски Стефан и второто од српскиот патријарх на 8 август.

„Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот поглавар, неговото блаженство архиепископот охридски и македонски Стефан, во светите диптиси“.

За разлика од нив, грчката и бугарската православна црква ја прифатија одлуката на Вселенската патријаршија за канонско прифаќање на Охридската патријаршија и заедничко сослужување, сѐ до конечното издавање на томосот за автокефалност. Оттаму и сугерираа дека за административното име на црквата ќе треба да се постигне договор меѓу МПЦ-ОА и СПЦ.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе