СОБРАНИЕ

За сите 123 пратеници издадени се решенијата за работа

Службите на Собранието на Република Македонија денеска ги издадоа решенијата за работа за сите 123 пратеници. Комисијата за избори и именувања реши да им даде решенија и на пратениците од СДСМ, кои официјално соопштија дека не ги признаваат резултатите од предвремените парламентарни избори од 27 април.

Во комисијата велат дека ако избраните пратеници остануваат на својата одлука, сега треба да поднесат писмени оставки. Ако не го сторат тоа во наредните 6 месеци ќе земаат по 30 отсто од платата, по што по автоматизам ќе следува прекин на нивните пратенички мандати со одлука на двотретинско мнозинство од пратениците. Тогаш мора да им се верификуваат мандатите на следните на листата, се додека таа не биде исцрпена.

Според пратеничката Силвана Бонева, според член 63 од Уставот пратениците од опозицијата мора да се откажат од мандатите во Собранието, а не кај нотар.

Од поранешните пратеници, 23 побарале и добиле апанажа (15 од СДСМ и поранешни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ЛП, ПЕИ и од партиите на Турците, Србите и Ромите), што значи добивање на пратеничка плата уште една година.

СДСМ пред три дена поднесе тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија, за насилно верификување на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата.

Апанажа добија поранешните пратеници: Јани Макрадули, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ, Горан Минчев, Ленче Николовска, Сафет Бишевац, Борис Ставров, Тања Томиќ, Гордан Георгиев, Цветанка Ивановска, Наџи Џелили, Марија Рашковска, Фиат Цаноски, Мевмед Џемајлоски, Ивон Величковски, Драгиша Милетиќ, Светлана Вучетиќ, Цена Матевска, Ѓорги Коџобашиев, Голупчо Ангелов, Маринела Тушева, Ердоган Сарач и Јордан Пачков.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе