За САД проширувањето на ЕУ е важнo за просперитетот на Западен Балкан

Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на претпристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ, а по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан неделава во Брисел. За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

„Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан“, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент. 

Оттаму укажаа дека продолжуваат да даваат поддршка за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија што е можно побргу. 

На Самитот Западен Балкан-ЕУ вчера во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот француски предлог во чија нацрт верзија за отварањето на преговорите, билатералните прашања меѓу две земји – Северна Македонија и Бугарија, се ставаат како услов во преговарачкиот процес за пристап на нашата земја во Унијата. 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе