За Пендаровски францускиот предлог е прифатлив: Одлуката нема да биде ни историски триумф ни историски дебакл

Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност рече дека за него модификуваниот францускиот предлог е прифатлив.

Во изјава за медиумите тој изјави дека не верува оти е точна перцепцијата која се создава во дел од јавноста, дека ова е судбинска дилема, да се биде или не и за нацијата и за државата и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука, која ќе ја дефинира судбината на идните генерации македонци и и македонски граѓани.

Во моментов имаме високи политички тензии во земјава и не верувам во перцепцијата која се создава во јавноста дека ова е судбинска дилема да се биде или не и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинира иднината на нашите генерации.  Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту историски триумф, како што велат едните, ниту историски дебакл како што велат другите. За мене тој е прифатлив. Да појаснам, станува збор за транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите. Баш со ништо францускиот предлог не го поткопува македонскиот идентитет, во предлогот има чиста формулација на македонскиот јазик без фуснота“, рече Пендаровски.

Нагласи дека очекува откако предлогот ќе влезе во Владата, да се донесат владини заклучоци во случај да се прифати модифицираниот француски предлог со една реченица плус, да се повтори во извештајот на Владата до Парламентот, а тоа е дека, како што рече, од денот кога ќе почнат преговорите па се до нивното завршување, кога и да е тоа, ако има какви било дополнителни обиди од бугарска или чија било страна повторно да се спомнува македонски идентитет, историја, јазик, во истиот момент самите да се повлечеме од тие преговори.

Тој изрази уверување дека во неговите разговори со високи европски и светски претставници нема добиено впечаток дека сакаат да го разнебитат макеоднскиот народ и држава.

Со францускиот предлог, рече Пендаровски, историјата не е услов и има само една една реченица и во предлогот и во протоколите. Има сугестија почесто да се среќаваат историчарите.

„Убеден сум дека не сме можеле да постигнеме повеќе од позиција на кандидат на членство“, рече тој по завршувањето на седницата на Советот за безбедност, појаснувајќи ги неговите ставови во однос на модифицираниот француски предлог.

Експлицитно барање на нивниот амбасадор во Брисел, пред сите други амбасадори на земјите членки, е Бугарите да бидат насекаде во Уставот. Последното нивно барање, ми тврдат од нашата Влада и Министерството дека е тоа веќе усогласено, е Бугарите да бидат само во Преамбулата, одговори претседателот на државата Стево Пендаровски на прашањето во кој дел од Уставот би биле застапени Бугарите.

Како секој друг, рече тој, не може да се прави преседан и не може во Уставот да бидат ставени Бугарите таму каде што не се и другите делови од народ.

„Но, последно е и бараат да бидат само дел од Преамбулата. Инаку тоа, и за сите други делови од народ, е конститутивен елемент и нема дилема. Значи не во нормативниот…Ако се прифати ова се, веројатно ќе има уште една измена во нормативниот дел на Уставот, кој се вика Комитет на заедници, во кој претпоставувам ќе има место и за Бугарите. Само таму ќе се спомнуваат во нормативниот дел како и сите други што ги имаме во Преамбулата на Уставот“, рече Пендаровски.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе