Собрание

За новата техничка влада пратениците ќе почнат да расправаат во 16,30 часот

Пленарната собраниска седница за избор на техничката влада е закажана за 16, 30 часот. Задачата на новата техничка влада ќе биде организирање на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Технички премиер е договорено да биде Оливер Спасовски, досегашен вицепремиер и министер за внатрешни работи. Тој до Собранието веќе достави предлогот за состав на новата влада и програма за нејзина работа.
Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево му го врачи мандатот на Спасовски, а претходно на 127. седница беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев. Во преодната влада, според Пржински модел, министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе има и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе