Во одговор на прашања на МКД.мк

За Министерството за правда иницијатива е договорот Заев – Гаши за меѓународна истрага на судски предмети

Владата ќе расправа за иницијативата за независен увид и коментар на неколку судски случаи од страна на европски правни експерти, велат од Министерството за правда за МКД.мк. Министерството, практично, како иницијатива го именува делот од договорот на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши во кој се вели дека Владата ќе испрати официјално барање до Европската комисија со кое ќе побара тим од независни експерти да извршат меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание.

МКД.мк побара официјален одговор од Министерството за правда на следните прашања: „Дали Министерството за правда беше консултирано и дали даде согласност во коалицискиот договор да влезе и делот странски правни експерти ангажирани преку Европската комисија да анализраат некои судски предмети што ја брануваа јавноста, а кои завршија со правосилни пресуди, како и веќе затворени истраги на неколку други предмети. Дали ваквата евентуална постапка не ја сметате за политичко мешање во независната судска власт, односно дали можеби пред да биде постигнат коалицискиот договор Министерството за правда побарало мислење од Јавното обвинителство и од судската власт"?

Министерството не одговори на нашето прашање дали било консултирано пред Заев и Гаши да го потпишат договорот за влез на Алтернатива во Владата, ниту пак дали било побарано мислење од Обвинителството и судската власт. Единствено се дава став дека од странски мониторинг нема да има штета.

„Барањето на партијата Алтернатива е Владата официјално да побара од Европската комисија да испрати експерти коишто ќе направат мониторинг на неколку судски случаи. Не станува збор за ништо спротивно на законите на Северна Македонија или за поништување на судските одлуки, туку за независен увид и коментар од што корист ќе има и самиот правосуден систем. Ова ќе се случи доколку барањето од Владата биде прифатено од Европската комисија. Претходно за сите детали во врска со оваа иницијатива ќе расправа владата, за што дополнително ќе информираме", пишува во одговорот од Правда.

Од Министерството велат дека кај нас веќе има судска пракса за мониторинг на случаи од страна на домашни и меѓународни организациии и дека има и нов проектот на ОБСЕ за мониторинг на случаеви за висока корупција, кој веќе се прави по барање на Владата.

„Во случаите кои се мониторираат не влегуваат барањата на Алтернатива, но Влада нема проблем да побара мониторинг и на овие случаеви во рамките на овој или друг сличен проект", се вели во одговорот за МКД.мк.

Инаку, во дополнително објаснување премиерот Заев рече дека меѓународните експерти што ќе бидат побарани од Европската комисија за истрага на судски случаи, нема да ги поништуваат донесените пресуди, туку ќе дадат свои мислења кај нашите институции. Според него, со Гаши е направен таков договор имајќи предвид дека довербата во правосудството „е одамна разнишана".

Според договорот Заев - Гаши, со странска експертиза би биле опфатени судски предмети како што се, Монструм, Алфа, Диво Насеље, Малиот Алмир. 

П.Џ.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе