Прес-конференција во Владата

За мерките на Комисијата за заразни болести најпрво ќе одлучува Главниот кризен штаб

Во врска со најавата на министерот за здравство Венко Филипче за нови мерки за заштита и превенција од ковид-19, предложени од Комисијата за заразни болести, според која вработените во јавниот сектор ќе мора да се вакцинираат или постојано да прикажуваат ПЦР-негативен тест направен на свој трошок, владините портпароли изјавија дека овие мерки ќе бидат разгледани на првата наредна седница на Главниот координативен кризен штаб, а потоа ќе бидат предложени за усвојување на седница на Владата.

Портпаролите потенцираа дека предложената мерка на Комисијата е донесена со консензус и оти со неа се предвидува сите вработени во јавниот сектор и локалната самоуправа при одење на работното место да покажат потврда за примена најмалку една вакцина или ПЦР негативен тест направен пред 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или ќе приложат потврда за прележан ковид-19, не постар од 45 дена, или пак, ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат.

Инаку, Комисијата за заразни болести препорача вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките предложени денеска, да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата со цел граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сѐ уште невакцинирани.

Се препорачува на овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе