За македонските граѓани од утре задолжителен негативен ПЦР тест за влез во Србија

Од утре, 15 август, сите граѓани на Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест кој нема да биде постар од 48 часа, решено е денес на седницата на Кризниот штаб.

Таа одлука нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Таа додаде дека пропишаниот период од 48 часа започнува да тече од моментот на издавање на сертификатите од страна на лабораториите.

Кисиќ Тепавчевиќ вели дека таквата одлука е донесена врз основа на проценка на епидемиолошката состојба, како и врз основа на трендот на заболување од коронавирусот. Исто така, донесена е одлука од утре да не важат рестрикциите за граѓаните на Црна Гора во однос на влегувањето во Србија.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе