На најновата листа

За македонските граѓани дозволен влез во Црна Гора

Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора (НКТ), на вчерашната седница, на предлог на Институтот за јавно здравје одлучило дека од 1 јуни ќе биде дозволен влезот на странци во Црна Гора, и тоа без карантин и самоизолација, доколку стапката на активни случаи на коронавирус во нивните земји е помала од 25 на 100.000 жители.

Листата на НКТ еднаш неделно ќе ја ажурира Институтот за јавно здравје, а по вчерашното дополнување на неа се најде и Македонија. На листата меѓу другите се

се Словенија (0,43 потврдени случаи на 100.000 жители), Исланд (0,88), Хрватска 2,34), Словачка (2,93), Грузија (3,83), Швајцарија (6,46), Албанија (7,12), Австрија (7,98), Норвешка (8,10), Монако (10,20), Косово (11,99), Германија (12,61), Грција (13,00), Унгарија (13,57), Данска (13,97), Литванија (14,57), Латвија (15,57), Азербејџан (15,96), Луксембург (16,00), БиХ (16,45), Бугарија (19,82), Израел (20,94), Македонија (21,60), Ирска (21,96), Чешка (22,41), Финска (23,09) и Естонија (16,06).

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе