СЈО НА ДЕНЕШНАТА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА АКЦИЈАТА„ ТИТАНИК“

За изборни измами и злосторничко здружување едно лице уапсено, за осуммина се бара притвор

Специјалното јавно обвинителство на денешната прес-конференција соопшти дека ги почнало првите истражни постапки – за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања. Едно лице веќе е приведено, а издадени се барања за притворање на уште неколку лица осомничени за овие предмети.

„Се чувствувам слободна и цврста зашто на моја страна се уставот и законите. Ме охрабрува и поддршката на меѓународната заедница. Отворени се постапки за 10 кривични предмети од областа на изборите и гласањето, слободите и правата, општата сигурност и кривични дела за службената должност. Во оваа фаза доминираат за изборите и гласањето за да се спречат злоупотребите на нови кривични дела. Секој отпор ќе биде нотиран во извештајот на СЈО што ќе се подготви за шест месеци. Опструкцијата ќе продолжи, но ја убедувам јавноста дека нема да влијаат“, рече Јанева.

Фатиме Фетаи, обвинителката во Специјалното јавно обвинителство, објави дека се отворени истражни постапки за бивши министри за внатрешни работи и за транспорт и врски од 2012 година и секретарот на тогашната влада и уште неколку други лица. Фетаи рече дека овие лица го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.

„Се работи за кривичните дела против изборите и гласањето. Во овој предмет по огромен број индиции и сигурни докази произлезе основано сомнение дека одредена група луѓе искористувајќи го влијанието и службената положба создале група која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето. Отворена е истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на определување на гласачите, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средствата за изборна програма. Во 2012 година, осомничените министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски, државен секретар за непосредни привилегии создале група за кои кривични дела може да се изврши затворска казна од три години, на начин што дел од осомничените и други заради победа на изборите, направиле план да се реализираат преку вработените за внатрешни работи ќе носат лица за гласање. Влијаеле и спречувале. Нуделе давале и ветувале подарок за гласање. Незаконско издавање на лични карти и вметнување на лица во избирачки список. Определени се 15.000 нови матични броеви. За улогата на конзуларните претставништва ќе се отвори нов предмет. Применувани се методи како насилства, злоупотреба на медиуми и незаконско финансирање на кампања“, рече обвинителката Фетаи.

Според неа министерот за внатрешни работи „ја впрегнал целокупната инфраструктура по волја на интересите на партијата од која доаѓа. Податоците во избирачкиот список се податоци кои потекнуваат од службите, се вклучило и министерството за правда. Министерот за внатрешни ангажирал подредени вработени заради остварување на таа цел, најпрвин фотографирање за лична карта, а дури отпосле се утврдувале живеалишта за тие лица. На дел им се издадени лични карти, а на дел не. Дополнителен товар имале командирите на полициските станици, како да покријат живеалишта на лицата кои може да живеат на тие адреси, улога имале и нотари кои дозволувале договори за закуп, без никаква основа.  Огромен дел од финансиите се покриени од нелегални извори“, рече Фетаи.

СЈО смета дека има основано сомневање дека оваа група направила кривично дело против изборите, што е основа за целиот криминал. СЈО побара и промена на Законот за заштита на сведоци од гледиште на потребите на ова обвинителство, а судските процеси пред редовните судови од надлежност на СЈО да предадат на оваа институција без отпор и одоговлекување. Исто така, побараа Советот за јавни обвинители да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО.

Обвинителката Ленче Ристовска изјави дека во овој изминат период соработката со државните институции беше тешка, па затоа истражните постапки беа поспори и покрај отежнатата соработка. Таа најави дека предистражна постапка се води и за аферата со Маѓар телеком и за аферата Надеж.

„Изразувавме загриженост изразуваме за обидите за дискредитација и нарушување на репутацијата на СЈО. Се прашуваме дали имаме соработка со Советот на обвинители, особено ако се земе предвид последната изјава на претседателот на советот. Сепак изразуваме уверување дека Советот ќе постапи според законот во однос на забелешките што се однесуваат на работењето на СЈО. Имаше и дискредитации од многу поединци кои поднесоа кривични пријави против нашите обвинители и извршители. Уште еднаш ќе повторам дека ние постапуваме исклучиво според законот и постапуваме исто и со осомничените и со сведоците. Обврска на сведоците е да се јават на поканите. Ако се дава лажен исказ, нашето предупредување не е акт на притисок. Медиумскиот простор не е простор каде што треба да се дискутира основаноста на некои постапки. Ова е последен пат да се изјаснуваме околу основаноста на кривичните пријави против обвинителите и истражителите“, рече Ристовска.

За предадените прислушувани разговори од СДСМ, од СЈО велат дека се работи за обемен материјал, за кој сѐ уште трае пописот, евидентирањето и се подготвува статистички преглед, кој кога ќе биде готов, ќе биде дел од извештајот што ќе го испратиме и до Советот на обвинители и до Собранието.

Од СЈО рекоа дека за предметот Монструм сѐ уште не испратиле барање за преземање.

Б.Ш.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе