Се прави селекција

За 600 места во МВР на огласот за полицајци се пријавиле 1.867 кандидати

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во посета на Центарот за обука при МВР во Идризово каде почна процесот на селекција, во повеќе фази, на пријавените кандидати за полициски службеници по последниот објавен јавен оглас од 6 јуни годинава.

На јавниот оглас се пријавија вкупно 1.867 кандидати, од кои 1.482 се мажи, 385 се жени, факт што доволно говори за позитивниот имиџ на нашето Министерството и меѓу младите, истакна министерот Спасовски.

Од овие на 1.867 пријавени кандидати треба да бидат избрани 600 идни полицајци кои треба да поминат едукација во три образовни циклуси во траење од четири месеци, како што налага наставната програма.

Со овие лица ќе МВР ќе склучи договори за вработување на работната позиција приправник полицаец со обврска најмалку пет години да работи во служба на МВР.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе