За 24 часа во Скопје хоспитализирани 65 нови пациенти со ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а на инфективните оддели во градот се лекуваат вкупно 459 лица сомнителни и потврдени за ковид-19, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, според Министерството, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, шест во ковид центарот на Клиниката за неврологија, исто толку пациенти се примени на Клиниката за нефрологија, четворица болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, а еден во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 28 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 17 лица.  

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Според податоците од Министерството за здравство, во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 24 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести еден пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 100 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 9 деца и 31 возрасни.

Голем дел од вкупно 459-те пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември“, велат од Министерството.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе