Во интервју за Сител

Вучиќ повика на разум кај македонските граѓани: Добро е да бидете на европскиот пат

Српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерва во интервју за Сител им порача на македонските граѓани да ја туркаат својата земја напред со зборовите. „Добро е да бидете на европскиот пат, да се отвораат можности за привлекување на инвестиции”. 

Тој ги повика македонските граѓани, разумно да ги постават работите, бидејќи само така ќе сфатат што добиваат, а што може да изгубат со почетокот на преговорите со Унијата. Според Вучиќ,  европскиот пат е тежок, но напредокот на земјата ќе биде од суштинска важност за сите.

„Што ви е алтернативата? Дали ќе ве оптоваруваат на секое следно… секако, ќе прашуваат Бугарите за нешто, ќе прашуваат други за нешто друго. Секогаш нешто ќе се најде. Но, туркајте ја својата земја напред. На крајот, дали некој ќе ви отвори кластер повеќе, или кластер помалку, не е суштинско прашање, не е најважно. Но, добро е да бидете на европскиот пат, добро е да се отвораат можности за привлекување на инвестиции. Тоа е важно, тоа е добро. А, ова дали може да верувате дека нема да ви постават нови прашања, за Гоце Делчев, за други прашања, тоа ќе ви го поставуваат, нека не ве лаже некој дека нема. Како и нас што ни направија. Сѐ што рекоа дека нема, сѐ има – и што сега? Треба да се убиеме? Не треба да се убиеме. Полека ги решаваме работите една по една.

Србија е на европскиот пат, која ни е алтернативата? Едноставно, тешко дека постои. Но, луѓето не се занимаваат со тоа, се занимаваат со тоа како нашата земја напредува. Ние и понатаму ги чуваме пристојните односи со Русија и со сите други и дали сме на европскиот пат – сме, тоа е огромен бенефит. Затоа ги молам луѓето рационално да ги постават работите. Да кажат ова не е убаво, не е добро, не е ни претерано пријателски. Но, што ни е изборот од другата страна? Во таа насока луѓето да ги постават работите“, рече Вучиќ.

Тој смета дека иако ќе има пречки на европскиот пат , тие треба да се решаваат и отстрануваат една по една и дека европскиот предлог не треба да се отфрли пред да се размисли добро за националните интереси.

„Јас нормално не можам да ви кажам дали предлогот е добар или не, тоа нека го одлучат луѓето во Македонија. Јас можам само една работа да кажам, кога го прифаќавме Бриселскиот договор 2013 година, тоа беше многу тежок договор за нас со многу ставки за кои луѓето во Србија не сакаа ни да слушнат ни да ги прифатат. Македонските граѓани, пак ќе кажам, тие подобро знаат од мене дали е нешто добро или не за националните интереси на нивната земја. Само ги молам луѓето да размислат, да размислат да не прифаќаат или да не отфрлаат нешто априори”, истакна Вучиќ, додавајќи дека Северна Македонија и Албанија заслужуваат почеток на преговорите за членство во ЕУ. 

Претседателот на Србија, уште еднаш ја потенцираше заложбата на премиерот Димитар Ковачевски во Брисел, кој како што истакна искрено се бори за Северна Македонија и граѓаните.

„Јас можам да посведочам на искрената борба на Ковачевски во Брисел, за својата земја и својот народ. Не за тоа што се случува во Скопје, заради тоа што, за тоа знам многу помалку. Јас не можам да го советувам Ковачевски, јас можам да кажам само на обичниот народ, затоа што кога давате совети тоа може да биде пријателски, но јас само би им кажал на луѓето да пристапуваат со помалку емоции. Не е крај на светот и вака, и така. Но, добро е да се искалкулира што е подобро. Јас мислам дека може да заклучите што јас мислам, а не сакам до крај да ви го кажам. Што мислам дека е подобро, но тоа е тактички потег, немојте да мислите дека со тоа нешто многу сте добиле, или пак бог знае што сте изгубиле. Тоа е тежок процес, но тој процес треба едно по едно, да се прескокнува. Нема убави вести, нема тука убави вести“, порача Вучиќ.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе