Овогодинешната конференција, како што информираат од МНР, ќе се осврне на теми како вклученоста на жените во меѓународните односи, нивната улога во креирањето политики, водењето преговори, справувањето со конфликти и обезбедувањето одржлив мир.
Целта на конференцијата е да се споделат искуства поврзани со постигнувањето на целосно репрезентативен кадар преку вклучување на родовиот аспект во полето на надворешната политика.
Конференцијата е под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски, а се очекува да присуствуваат поголем број државни функционери, истакнати личности од политичката фела и од експертската јавност, дипломати од регионот и пошироко како и претставници на младински организации во земјата.
Преку споделување на нивните искуства, учесниците ќе ја зајакнат ЗБ6 Мрежата на жени во надворешна политика, која во иднина ќе биде отворена за соработка и со други меѓународни мрежи.