Критики и забелешки во Извештајот на ХКЧП

Вошки и бубачки кај осуденичките во затворот во „Идризово“, за кревет, топла вода, телефон... мора да платиш

Без гинеколошки услуги и недоволно лекарски прегледи, без говорница за телефонски повици, без просторија во која мајките осуденички можат да ги видат своите деца, со бубачки, вошки и лоши хигиенски услови поминува секојдневието на затвореничките во женскиот дел во најголемиот затвор во државава. Затворот во Идризово има капацитет од 1.253 легла. Од нив 77 се жени што ја издржуваат изречената затворска казна во женското одделение затворот. Извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) е полн со негативности за тоа во какви услови во ќелиите осуденичките ги поминуваат затворски денови. Што ќе посакаш, можеш да добиеш, но само со пари. Тогаш можеш да имаш кревет, телефон, топла вода, медицинска терапија, преместување во друга установа, користење погодности итн.

Во овој дел од установата се направени некои реконструкции со кои се подобрени материјалните услови за осуденичките, како нов под и нови ПВЦ прозорци и врати. Осуденичките се жалат на присуство на тавтабити и вошки во установата, слаба комуникација со воспитувачките, слаба хигиена во тоалетите, неможност да ги набават потребните лекови, како и 12 на недостиг од гинеколошки услуги кои Министерството за здравство има обврска да им ги обезбеди.

Телефонската говорница во женското одделение е нефункционална, а таблетот, според искази на некои осуденички, најчесто го користат едни исти лица. Осуденичките освен отворен простор каде има клупа со столчиња, немаат на располагање никакви услови за слободни, спортски и вокациски активности.

„ Во женското одделение нема ниту соодветна просторија во која осуденичките ќе може да остваруваат контакти со своите деца, а која просторија треба да нуди релаксирачка и рекреативна атмосфера. Видеонадзорот во женското одделение е сè уште нефункционален. Девојчиња кои издржуваа воспитно поправна мерка во КПД Идризово Просторот кој беше наменет за девојчињата кои издржуваат воспитно поправна мерка е само една соба со кревети, во која беше забележано присуство на влага. Девојчињата два часа во текот на денот го поминуваа времето надвор, а по кажување на припадничките на затворската полиција, тие често го поминувале времето надвор заедно со возрасните осуденички, кои имале подобро поведение и однесување. Девојчињата кои издржуваат воспитно поправна мерка не се вклучени во образовниот процес, немаат услови за квалитетно поминување на слободното време, стручно оспособување, а воспитувачките за возрасните осуденички се истите кои работат и со девојчињата упатени на заводска мерка. По кажување на девојчињата, тие често биле сведоци на вербални расправии помеѓу возрасните осуденички бидејќи биле оддалечени само неколку метри од нив. Во време на објавувањето на овој извештај, ниту едно девојче не се наоѓа на издржување воспитно поправна мерка", се вели во дел од Извештајот наменет за женскиот дел во најголемиот затвор во државава.

Здравствената заштита во установата се спроведува преку една докторка и две медицински сестри кои се во установата само неколку часа во текот на денот, што не е доволно за установа која брои над 1.000 осудени лица со најразлични здравствени проблеми.

За време на посетата, припадниците на затворска полиција добија дури три барања за лекарски преглед, кои не 13 можеа да се спроведат бидејќи докторката ја напуштила затворската установа во 12:30 часот. Психијатрите од тимот остварија разговор со вкупно 53 осуденици и 7 осуденички. „Добиени се информации за дрога во затворот (марихуана, хероин и кокаин), бупренорфин на илегален пазар, бензодијазепини, бариери за вклучување во третман со бупренорфин и прекин на лекување со бупренорфин без согласност на лицата, како и други лекови во затворот, тешка пристапност до лекар и психијатар. Дел од лицата во затворот имаат долгови поврзани со употреба и набавка на дрога и психоактивни супстанции што резултираат со насилство, стрес и траума. Недостигот на здравствен персонал придонесува за отсуство на редовни скрининзи за депресија, суицидалност и употреба на супстанции. Неопходно е да се обезбеди терапија бупренорфин за сите осуденици на кои им е потребна, со цел континуиран третман на осудените лица без прекини од кои било причини, вклучително и ненавремено спроведување постапка за тендер од Министерството за здравство. На овој начин ќе се спречи „црниот пазар" и ќе се влијае за намалување на насилството, стресот и другите психички и соматски последици. При планирање третман со ОАТ, потребно е да биде вклучено осуденото лице, а во одлуката за кој лек ќе се применува да се води сметка повеќе за одговорот од третманот кај тоа лице отколку за потребите на институциите во смисла на финансиска заштеда, која на крај многу повеќе чини", се додава во Извештајот.

Покрај стандардното работно ангажирање на осудените лица во редарство, хигиена, пералница, кујна и слично, осудените лица во најголемата казненопоправна установа во државата немаат никакви услови и програми за стручно оспособување и квалитетно поминување на слободното време.
Од ХКЧП спровеле разговор од страна на адвокат со вкупно 38 осудени лица, од кои 8 се жени осуденички. Најчести основи за кои осудените лица во оваа установа побарале правно советување се во врска со здравствената заштита, материјалните услови, храната, правото на условен отпуст, преместување во друга казненопоправна установа и остварување на правото на посета.
Дел од осудените лица се пожалија дека биле жртви на корупција и дека во установата сè што ќе посакаш, можеш да добиеш со пари како: кревет, телефон, топла вода, медицинска терапија, преместување во друга установа, користење погодности итн.

Голем дел од осудените лица се пожалија од односот на психијатарот во установата, како и дека поради недостиг на медицински персонал, не можат да стигнат на ред да бидат прегледани. Некои наведоа дека некогаш кога поднесуваат молба за прекин на издржување казна затвор поради здравствени причини, медицинската документација им останува некаде „заглавена" со седмици бидејќи извештаите не се потпишуваат од страна на докторот во установата поради преголем обем на работни обврски.

Вчера објавивме дел од Извештајот во кој има детали за хоророт во машкиот дел на затворот. 

Посетите биле направени во периодот од мај до август 2022 година, а во Извештајот се вели дека и покрај многуте заложби од страна на државата, меѓународните и домашните организации да се подобрат условите во казненопоправните и воспитно-поправната установа, системските недостатоци сè уште постојат.

Осудениците спијат на под, во ќелиите висат опасни кабли, има бубачки, а како прибор за храна слободно користат и ножеви кои се употребуваат и при инциденти.

К.Д. 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе