Партиски препукувања

Водиме со 6,1 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нема партиски рејтинзи во анкетата на МЦМС, реагира СДСМ

Последното истражување на МЦМС за 100 дена влада се уште една потврда на катастрофалната реалност во која живеат македонските граѓани. Оваа анкета, речиси како и сите претходно посочува дека граѓаните не се задоволни од власта на Ковачевски, СДСМ и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ од 6,1 отсто. Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ манипулира. Лага е, нема рејтинзи токму во анкетата на МЦМС, нагласуваат од СДСМ.

„Дури 65,1% од граѓаните сметаат дека оваа власт не ги исполнила очекувањата на народот, а најголемо е разочарувањето од економијата и правдата. Речиси една третина од испитаниците посочуваат дека не се задоволни од ниту еден министер, што само потврдува дека оваа влада ништо не направи за подобар живот на граѓаните. Напротив според истражувањето 58,7% од граѓаните сметаат дека квалитетот на животот им е влошен во последната година.

Затоа во оваа влада на Ковачевски немаат доверба речиси 64%, што е рекордно најмала доверба на било која влада во Македонија. Само 16,8% од граѓаните сметаат дека државата се движи во правилна насока, а речиси 52% сметаат дека Македонија се води во погрешна насока со власта на СДСМ и ДУИ.

На крајот како резултат на влошениот животен стандард, криминалот и корупцијата на власта, нивната неспособност и неодговорност, граѓаните даваат далеку поголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ. Според истражувањето на МЦМС поддршка на ВМРО-ДПМНЕ даваат 20,7% од испитаниците наспроти 14,6% на СДСМ. Тоа се 6,1% разлика од лицата кои би излегле на избори. Тоа е показател дека на СДСМ му следи катастрофа и голема народна казна. Сега е јасно зошто СДСМ бега од избори како ѓавол од темјан“, пишува ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

Од СДСМ возвратија со соопштение во кое е наведено:

„Нервозно е ВМРО ДПМНЕ, откриен е криминал од огромни, мега размери кои почнуваат и водат до Белиот дворец. Дотаму одат со лагите што објавија анкета на МЦМС во која токму според МЦМС нема рејтинзи на политички партии. Нервозните во ВМРО ДПМНЕ се фатени живи како повторно манипулираат и лажат. Затоа нема во анекатата ништо за криминалот, како предметот Талир 2, за луксузите во Белиот дводрец, како вазните од 180.000 евра и плочки од 100.000 евра.

Нервозни се во ВМРО ДПМНЕ и за денешните историски успеси кога на македонски јазик се служеше литургија и честа којашто Вселенската патријаршија му ја укажа на премиерот Ковачевски. Очигледна им е нервозата на ВМРО ДПМНЕ, но бадијала им се нарачаните анкети и сите нивни манипулации.

Мицкоски може да нарачува, да лаже, но тоа нема да го промени фактот дека тој води криминална партија што е докажано со бројни судски пресуди, не може да го промени фактот дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување од граѓаните“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе