По изолацијата на партиските претседатели

Во ВМРО-ДПМНЕ се тестирале сите кои контактирале со Мицкоски, во СДСМ доброволна самоизолација на оние кои контактирале со Заев

По објавувањето на информацијата дека лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се изолација откако имаа интервјуа со заразен новинар, од двете партии велат дека ги преземаат сите мерки препорачани од надлежните институции.

Во ВМРО-ДПМНЕ веќе се тестирале сите што биле во контакт со Мицкоски и нивните тестови се негативни, а во СДСМ лицата кои биле во контакт со Заев се ставиле во самоизолација.

„Во партијата сите што биле во контакт со Мицкоски се тестирани и нивните тестови се негативни. Се преземаат сите препораки од медицинските лица“, изјави за МКД.мк портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој додава дека во наредниот период ќе се искористи и продолжениот полициски час и претстојните празници, па луѓето остануваат дома. Но, ќе се следи ситуацијата.

Од СДСМ, пак, велат дека од почетокот на епидемијата, во седиштето на партијата се преземаат сите мерки и протоколи пропишани од Министерството за здравство и надлежните институции за заштита и дезинфекција.

„Се врши редовна лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца, како и насоките за носење заштитна опрема, како маска и ракавици, а сите вработени што можат работат од дома.

Како што соопштивме, соодветни заштитни мерки беа преземни и за време на интервјуто, а по добиените информации, согласно протоколите, претседателот Зоран Заев е веќе во самоизолација, без симптоми и во добра здравствена состојба и денеска изврши тестирање за присуство на вирусот ковид-19, по што се очекуваат резултатите и следните чекори“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека како и досега и натаму ќе продолжат целосно да ги спроведуваат препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец.

Инаку, според неофицијалните информации, повеќето од лицата кои биле во контакт со Заев се ставиле во самоизолација.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе