Според претседателот на Собранието

Во Собранието има пратеници од ДУИ, а не „огнени групи“, коментира Џафери

Секој има право и слобода да си го искаже својот статус како пратеник. Немам какво било известување од пратениците од ДУИ. Нивниот официјален статус е дека се пратеници на Демократската унија на интеграција, рече претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на новинарско прашање поврзано со „огнената група“ на интегративците, на чие писмо до јавноста се потпишани двајца пратеници од ДУИ. Џафери нагласи дека владејачкото мнозиство засега има 64 пратеници.

Џафери не сакаше да ги коментира случувањата во неговата матична партија ДУИ но нагласи:

„Јас стојам на страна на партијата. Јас и себе си сум се вложил во создавањето на тој политички субјект“.

Џафери рече дека нема комуникација со опозицијата и дека координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа на редовните средби во понеделник.

„Немаме веќе ниту неформални средби бидејќи тие се злоупотребуваа“, наглси претседателот на Собранието.

Тој најави дека пленарната седница за одлуките за продолжување на кризната состојба ќе биде закажана утре и дека ќе треба да се гласа најдоцна до полноќ.

Џафери рече дека речиси за десетпати се зголемени трошоците за струја во споредба со август минатата година и дека во изминатиов период се преземени мерки за штедење. Исто така е информирано Министерството за финансии за пренамена на средства од други ставки, меѓу кои, и патните трошоци за да се покријат трошоците за комуналии.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе