Во Скопје пристигна претседателот на Италија Серџо Матарела

Претседателот на Италија Серџо Матарела вечерва пристигна во официјална посета на Македонија. На скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за внатершни работи Оливер Спасовски. Како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, двајцата претседатели ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена е прес конференција.

По средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што по разговорите со спикерот Талат Џафери, на свечена собраниска седница ќе има обраќање пред пратениците.

Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас".

Претседателот Матарела утре во попладневните часови ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со претставници на италијанската заедница во земјава.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе