Консултациите, нагласува Адеми, продолжуваат со сите релевантни фактори во државата во овој правец.
„Нашата цел е дека местото на земјава е во Европската Унија“, рече Адеми и потсети дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети во текот на неделата имал средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи во однос на оваа тема.
Адеми нагласи дека се што е постигнато досега, почнувајќи од формулациите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, се постигнати со консензус и со консултации со нашите меѓународни партнери, земајќи ги предвид најдобрите меѓународни практики.
„Во оваа фаза консултациите продолжуваат, освен тоа ние сме во комуникација со сите пратеници во европското крило, ако може така да кажеме, за да успее овој процес на уставните измени“, рече Адеми.
Прашан во однос на партискиот став за Законот за здруженија и фондации, Адеми рече дека во ДУИ се разгледуваат двете законски решенија, нагласувајќи дека тоа што е меѓународно неприфатливо нема да биде прифатено ни од нивна страна.