На денешната седница на Советот

Во Општина Маврово Ростуше повлечена е точката за употребата на албанското знамe

Претседателката на Советот на Општина Маврово Ростуше Теута Мирто и градоначалникот Медат Куртовски ја повлекоа точката од дневен ред со предлогот албанското знаме да се употребува на територијата на општината. Точката на дневен ред беше поставена денеска, на Денот на албанското знаме. По реакциите на советниците и на јавноста, предлогот беше повлечен.

Советниците на општината беа изненадени кога ги добија поканите за денешната седница на Советот. За такво нешто меѓу советниците, меѓу партиите воопшто никогаш и не се разговарало. Мирто, која е член на СДСМ заедно со градоначалникот, денеска речиси без поговор ја повлекоа точката од дневен ред. 

Според Законот за употреба на знамињата во Македонија во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50 отсто од населението во таа единица на локалната самоуправа, пред и во објектите на органите на единицата на локалната самоуправа се истакнати знамето на Република Македонија и знамето на таа заедница.

Во Маврово Ростуше бројот на Албанците е 11 отсто. Според етничката припадност во Маврово Ростуше живеат 1.474 Македонци, 470 Албанци, 1.555 Турци и тројца Роми.

А.Д.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе