петок, 26 април 2024

Распишани локални избори во Србија, дел од опозицијата најави бојкот

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ распиша денес избори во 66 локални самоуправи за 2 јуни, истиот ден кога претходно ги распиша изборите за Белград, а дел од опозицијата најави бојкот. Опозицијата обединета во прозападната коалиција од левиот центар „Србија против насилството“ се разиде во ставот дали воопшто треба да се учествува на избори пред власта да ги примени клучните препораки на набљудувачката мисија на ОБСЕ по декемвриските избори минатата година, за кои опозицијата тврди дека се украдени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ме радува тоа што од парламентот им испративме порака на граѓаните дека како избрани претставници сме кадарни и способни да разговараме и да постигнеме договор, и покрај сите разлики“, кажа денес Брнабиќ, донеодамнешната премиерка, инсистирајќи дека пратениците о двете страни постигнале договор за датумот на изборите.

Политичките аналитичари наклонети на опозицијата сметаат дека заеднички настап и на белградските и на локалните избори значително б ги зголемил шансите да ѝ се спротивстават на коалицијата на владејачката Српска напредна партија (СНС).

Владејачката СНС победи на вонредните парламентарни избори на 17 декември минатата година, а партијата освои мнозинство и на изборите за Белград, со обвинувања од опозицијата за изборен инженеринг, миграција на гласачи и друго. Ни по три обиди СНС тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на градоначалник, па повторно се распишани избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ