Во Македонија е пристигнат тим од САД кој ќе ја истражува корумпираноста на поранешни и актуелни македонски функционери

Американски тим за санкции дојде во Скопје за поагресивно да истражува корупција кај поранешни и актуелни функционери, информира американската амбасадорка Анџела Агелер на својот твитер-профил. На правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот, порача таа.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, објави Агелер.

Амбасадорката Агелер веднаш по нејзиното доаѓање во Македонијна најави дека нејзин фокус во земјава ќе биде борбата против корупцијата. Во неколку свои јавни настапи таа јасно порача дека корупцијата ја кочи Македонија.

Минатата недела и Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан најави дека САД ќе продолжат со воведувањето санкции за корумпирани политичари бидејќи досегашните вродиле со плод.

Дека меѓународната заедница овојпат веројатно ќе стори нешто поконкретно во однос на организираниот криминал и висока корупција во Македонија најави и Дејвид Гир, шефот на мисијата на ЕУ во земјата: „ЕУ и нејзините земји членки инвестираа голема сума на техничка експертиза и финансиска помош во областа на владеењето на правото, вклучително и кај обвинителите. И ние очекуваме, како што и обичните граѓани очекуваат да има резултати од таа наша помош. Што мислам под резултати? Па, во областа на владеењето на правото мислам многу едноставно – да има судии и обвинители кои се професионални и независни, кои работат со интегритет, ослободени од политички влијанија или финансиски поттик, и оттука да има доверба во судството, обвинителството и во владеењето на правото, генерално. Па, не сме таму...“.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе