На црковниот собир присуствуваа повеќе верници од Егејска Македонија и претставници на организацијата Нов АСНОМ и партијата Единстевна Македонија.
Претставници на организацијата Нов АСНОМ на Македонците од Егејска Македонија им соопшти дека во континуитет ќе ги поддржува нивните напори да ги остварат своите основни човекови права и да се здружуваат во културни, јазични, политички и уметнички здруженија.
„Ова основно човеково право и право кое е втемелено во Договорот на ЕУ, член 2, и Европската конвенција за заштита на човековите права, сега не се почитува. Наша задача е да ги охрабриме и да ги поттикнеме нашите Македонци да продолжат да се здружуваат во организирани здруженија преку кои, ќе ги остварат своите основни човекови права. За таа цел, нашата организација е подготвена да им помогне на сите забранети здруженија од Егејска Македонија, да си ги остварат своите основни човекови права и слободи со искрени, конкретни и целисходни насоки.
Борбата за остарување на основните човекови права и слободи е наша обврска, задача и цел преку кое остварување, ќе се подобри животот на Македонците во дел од Европската Унија“, соопшти Нов АСНОМ.