Климент Охридски е еден од првите словенски просветители, научник и писател.Тој бил основач на Охридската книжевна школа попозната како „Прв словенски универзитет", од кој излегле 3.500 подготвени ученици. Повеќето словенски народи го сметаат за покровител на образованието и јазикот. Се смета дека бил прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Денес Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, на градот Охрид и на Македонската православна црква.