Во Центар Жупа се гласа за нов градоначалник

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник. Од 7 часот отворени се сите 16  гласачки места и изброниот тек се одвива нормално. Во единствениот избирачки список запишани се 7.077 лица со право на глас, што е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од 17 октомври минатата година, рече Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Вчера во оваа општина гласаа 52 болни и изнемоштени лица.

Во трка за градоначалничкото место се двајца кандидати, предложени од политички партии.

Во оваа печалбарска општина, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи излезноста беше 25,77 отсто и не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 33,3 отсто од вкупно, тогаш, запишаните 7.317 гласачи.

Познати бизнисмени во Италија од ова општина, обезбедија бесплатен превоз и од вчера попладне неколку стотина иселеници прситигнаа за да гласаат.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе