Во Благоевград избришана буквата М од Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“

На 30 октомври е закажано отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Уште неотворен, канцеларијата на клубот беше цел на вандализам од страна на непознат сторител или сторители и буквата „м“ од натписот на клубот беше избришана. Македонскиот културен клуб ќе го управува Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, организација која се залага за правата на угнетуваното македонско малцинство во Бугарија.  

Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во европска Бугарија чија влада не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваков вандалски чин, се вели во првата реакција по овој инцидент на здружението Нов АСНОМ.  

„Нашата влада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го бугарскиот договор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија“.  

Нов АСНОМ смета дека негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија како и нивно помагање е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Република Бугарија.  

 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе