ВМРО-ДПМНЕ: За насилството пред Собранието виновни се полициските инсталации на СДСМ и Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека синоќешното насилство пред Собранието било дело на полициските инсталации на СДСМ и  Оливер Спасовски.

„Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството. Ова вчера и го најави Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој го повика Ковачевски да одговори дали зад, како што вели, уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ.
„Ковачевски и СДСМ треба да одговорат на следните прашања:
1. Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?
2. Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби?
3. Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести?
4. Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието?
5. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја?
6. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица?
7. Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња?’, вели Ковачки.
Тој додаде дека одговорност мора да има за Оливер Спасовски и за службениците што ги пречекориле своите овластувања и ги повика граѓаните и вечер да се соберат на протест пред Владата од каде што преку МНР ќе одат пред Собранието.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе