По денешната седница на ИК

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг, таму каде што нема кандидат, ќе ги поддржи кандидатите кои се против власта

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е одлучено во вториот круг од локалните избори, онаму каде што партијата нема свој кандидат, да бидат поддржани оние кандидати кои се борат против власта.

„ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција на власта и кои се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална. Ние нема да кажуваме во тие места дека гласовите ги имаме во џеб или се наша сопственост и нема да ги третираме граѓаните како да ги имаме кај себе, како што тоа го прави СДСМ, но воедно повикуваме слободоумно и отворено да излезат и да ги поддржат кандидатите на тие места кои искрено се борат против власта“, се вели во прогласот кој денеска по завршувањето на седницата на ИК го прочита потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

„Секаде каде има кандидати кои се борат против власта, така е и во Куманово, поддршката на ВМРО-ДПМНЕ оди за тие кандидати“, појасни Николоски по прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи и независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово.

Од СДСМ велат дека општините каде немаат свој кандидат, тие ќе ги поддржат кандидатите на коалициските партнери – во случај вториот кандидат да е од опозициска партија. Онаму каде ќе се соочат кандидати од партии кои се во коалиција на централно ниво, како во Тетово каде ќе се соочат Теута Арифи од ДУИ и Билал Касами од Беса, СДСМ ќе остави членството само да одлучи за кого ќе гласа.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе