ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака незаконски да именува член на РКЕ, кадар на ДУИ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека владејачкото мнозинство  има намера противзаконски да именува член на Регулаторна комисија за енергетика. Се работи за извесна Мерита Дема, кадар на ДУИ, чие именување, според партијата, е спротивно на Законот за енергетика.

„Ова е веќе трет ваков случај каде власта незаконски ја полни Регулаторната комисија со партиски кадри и нестручни лица кои воопшто не ги исполнуваат законски предвидените услови за именување на членови во Регулаторната комисија, пропишани и утврдени со Законот за енергетика. Овој предлог кадар на ДУИ за член на Регулаторна комисија не го исполнува условот пропишан во Законот за енергетика кој вели „за член на РКЕ се избира државјанин на РМ кој во последните 15 години пред именувањето има најмалку 10 години работно искуство во енергетиката, односно во обезбедувањето на водни услуги“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, од приложената документација која е јавна, се гледа дека Мерита Дема се стекнува со прво вработување на ден 14.03.2013 година и таа во последните 15 години никако не може да има 10 години работно искуство во енергетиката, прво поради својата возраст, своето дипломирање, како и поради датумот на своето прво вработување.

„Очигледно за власта не важат закони, не важат правила и процедури туку само партиско - коалициска припадност. Оттука, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бараме власта да одговори како може некој кој е нестручен и не ги исполнува законските услови да биде избран за член во тело кое ја регулира цената на струјата, гасот, парното и водата?

Очигледно, власта свесно го прави ова и избира кадри кои за возврат ќе потпишуваат и аминуваат секакви одлуки за зголемување на цените на струјата, парното, горивата и гасот. Тоа е начинот на кој оваа власт размислува и функционира“, додаде Стојаноски.  

Ова, вели тој, е трет ваков случај откако изминатата година на истиот начин со прекршување на другите одредби од Законот за енергетика, беа именувани уште два члена на ова тело.   

„ Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пленарна седница реагираше за ова прекршување и предложи оваа точка да се тргне од дневен ред. Но, власта го одби нашиот предлог и уште еднаш покажа дека нема слух, ниту пак некаква одговорност. Власта има зацртана цел, а тоа е целосно партизирање на сите институции каде што има можност, па макар тоа било и противзаконски“, рече Стојаноски и апелираше до Владата веднаш и без двоумење да го повлече овој предлог за именување на овој член на РКЕ.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе