ВМРО-ДПМНЕ: Утре блокади во Скопје и протести во 15 градови

Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (02.12.2020) во 15:00 часот да се прикличат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот.

Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе