ВМРО-ДПМНЕ: Што уште треба да се случи за Спасовски да поднесе оставка?

„Оливер Спасовски веднаш да поднесе оставка од позицијата министер за внатрешни работи бидејќи повеќе од месец дена не може да открие кој стои зад лажните дојави во средните и основни училишта, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Состојбата со безбедноста на граѓаните е донесена под знак прашалник, криминалот царува низ државата, а Спасовски наместо да реагира, дополнително ги штити криминалците и соработува со нив. Спасовски подели над 200 македонски пасоши на белосветски мафијаши и нарко босови, има нерасчистени убиства низ улиците, вооружени лица упаѓаат во полициски станици, тепачки на секој чекор, скандали и неоткриени лажни бомби во училиштата најдобро го отсликуваат катастрофалното управување на Спасовски со МВР.

Спасовски целосно потфрли со безбедносните служби. Македонија стана држава во која убиствата, заканите, тепачките и инцидентите се секојдневие.

Дополнително, дека Спасовски ги штити криминалци говори и медиумските натписи кои објавуваат дека вооружени лица блиски до власта упаѓаат во полициска станица во Арачиново и им се закануваат на службени лица со убиства, само поради тоа што професионално си ја извршуваат службената должност и задача.

Само во Македонија се случува криминалци со оружје да влегуваат во полициски станици и да бркаат полицајци, наместо да е обратно.

И закажаниот протест пред полициската станица Кочани поради суспензија на четворица полицајци кои професионално ја извршувале својата должност е доволен доказ дека со државата управуваат криминалци а Спасовски ништо не презема.

Спасовски веднаш да си поднесе оставка бидејќи веќе нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да го раководи со МВР.

Одговорноста на Спасовски е директно кај него, бидејќи тој и неговите соработници се во сериозна коалиција со криминалот, а граѓаните се чувствуваат несигурни.

Што уште треба да се случи за Спасовски конечно да си поднесе оставка?

Состојбата е сериозна, промените се повеќе од потребни", се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе