Изјава на координаторот на опозициската партија

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активната блокада на Собранието, најави Мицевски

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активната блокада во Собранието, нема да присуствува на координациите кај претседателот на Собранието Талат Џафери, но нема да ги кочи законите кои се во интерес на граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на првиот работен ден на пратениците по годишниот одмор.  „Во Собранието ќе бараме информации за трошењето на парите од страна на институциите поврзано со кризната состојба“, вели Мицевски кој не присуствуваше на координацијата кај Џафери.

„Џафери не се придржува до договореноото и ги менуваше одлуките врз основа на договарања со претставниците на парламентарното мнозинство. Знаеме дека тоа што било со нас договорено веќе утредента не важело. Како што беше примерот кога беше определен датум за одење на одмори, а потоа Џафери го помести за еден ден за да се излезе во пресрет на Алтернатива, ама пак немаа доволен број пратеници за таа седница.  Не гледам причина да одиме кај него“, рече Мицевски. 

На прашањето како ќе се договараат за работата и функционирањето на Собранието и дали имаат неформални средби со Џафери, Мицевски рече дека за тоа ќе се договараат претседателите на комисиите и пратениците, кои редовно се информираат меѓусебно.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека ќе продолжи седницата за уставните судии, а најави и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бара информации за прогласување на кризните состојби, како и извештаи за тоа што е потрошено од страна на институциите. Мицевски рече дека ќе реагираат за сите штетни закони кои овозможуваат можност за договори во четири очи.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе