По највисоката бројка на нови заболени

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 1.085 причини за Филипче да си поднесе оставка

Бројката на заразени денес е 1.085 лица. Постојат нови 1.085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина. Непостапувањето и непреземањето на мерки е подеднакво лошо, како и лошите мерки. Венко Филипче е одговорен и за едното и за другото. Оставката на Филипче веќе не е политички став, туку нужност за да се спасат животи" стои во соопштението што вечерва го испратија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Ваквата реакција следи по објавувањето на статистиката од Министерството за здравство откако за 24 часа има нови 1.085 позитивни на ковид-19 во Македонија, а 12 пациенти ја загубиле борбата со вирусот. 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе