ВМРО-ДПМНЕ: После вакво бегство министер за внатрешни си дава оставка

Oливер Спасовски повторно покажа колку е неспособен, му избега обвинет за свирепо убиство од судница полна со полиција и никој не го спречил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оливер Спасовски или свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница, или е целосно неспособен да организира безбедно судење.

Оливер Спасовски да каже дали е во договор со Исмаиловиќ со што ќе се потврди поврзаноста на Спасовски со криминалните структури, или да признае дека е неспособен, со што ќе се констатира неговата неспособност. И во едниот и во другиот случај Спасовски треба да понесе одговорност.

После вакво бегство на убијци на деца министер за внатрешни си дава оставка.

Не може обвинети за тешки кривични дела да бегаат од државата, а МВР на чие чело е веќе 5 години да спие.

И сето ова се случува додека во затвор скапуваат недолжни граѓани, а криминалците се шетаат на слобода.

Ваквиот однос на Спасовски ги разнишува безбедносните темели на државата, но и довербата во правната држава и целиот систем“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе