Координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ демантира

ВМРО-ДПМНЕ не е консултирана за датумот, без нас „Жан Моне“ е некредибилен, изјави Мицевски

Демантираме дека не сме сакале да учествуваме во дијалогот во рамки на процесот „Жан Моне“, вистината е дека од власта не бевме консултирани за датумот, a имавме веќе закажани активности, изјави координаторот на пратеничкта група на ВМРО-ДМПНЕ Никола Мицевски и додаде дека неговата партија е најактивна во овој процес. „Од она што го имам како информација е дека денеска се разговарало за измени кои би можеле да значат заобиколување на работата на комисиите“, рече Мицевски

„ВМРО-ДПМНЕ апсолутно не бојкотира, напротив, партијата е најактивниот учесник во донесувањето, односно работа на изгласување на новите измени на Деловникот кој што постои. Зошто власта го одбра токму денешниот ден кога веќе беше укажано и алармиравме дека имаме претходно закажани состаноци и средби не знам, но од она што го имам како информација за која што се зборувало на овој Жан Моне процес, е дека денеска се разговарало за одредени измени коишто би можеле да значат заобиколување на работата на работните тела односно на комисиите“, рече Мицевски.

Тој посочи на постапката со уставните судии кога, како што кажа, на половина од одржувањето на седниците се изготви извештај за да можат на Собрание да се изгласаат двајцата судии.

„Со таков еден извештај се дојде на Собрание и сакаат тоа да го направат на сите комисии. Очигледно власта не е подготвена да трпи критика, да слуша аргументи затоа што постоечкиот Деловник дава можност за ограничување на дискусијата на пленарна седница, меѓутоа поголема можност за дискусија на работно тело“, рече Мицевски.

Ова, како што рече, се негови размислувања за интенциите на власта затоа што ако беа на некое повисоко ниво ќе беа во друг термин.

-Како и да е начинот на којшто е одржано денеска Жан Моне без учество на најголемата опозициска партија му фрла сомнеж на кредибилноста на овој процес, вели координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски вели дека добиле датум за одржување на средбата без можност за договор и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ веќе имале закажано состанок со европратеници кои ќе дојдат денеска во Собранието.

„Делегација од десет луѓе ќе присуствува на денешната седница, а дополнително во следните денови како пратеник од изборна единица три од Општина Штип имав обврска да присуствувам на Свечената седница по повод ослободувањето на градот Штип и следствено на тоа беше дека не можам да присуствувам на двете места и овие беа веќе договорени активности. Зошто власта реши да го направи ова денес кога најавивме дека не можеме да присуствуваме тоа ќе ги прашате нив“, рече Мицевски.

Термините на заеднички средби треба да ги договоараме заедно, додаде тој, посочувајќи дека претходно кога беше закажано продолжението на 28 октомври Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ имал тридневен настан во Охрид на којшто тој присуствувал.

„Без консултации за термин ниту вие ниту јас не можеме да се договориме за заедничка изјава. Зошто Џафери решил да прави продолжение на процесот Жан Моне дали во моментот се големи забелешките од ЕК за работата на Собранието и неговото лично раководење со самото Собранието и тоа е една од причините“, рече Мицевски.

Работата е да се донесе Деловник на Собранието,а како што посочи тој, до негово донесување има постоечки Деловник што не се почитува.

„За жал, поради таквите непочитувања беше и претходната интерпелација на господинот Џафери во еден дел и такви интерпелации има против двајца претседатели на комисии“, рече Мицевски.

Според него, злоупотребата на Деловникот доаѓа од човечкиот фактор и доколку ги почитуваме процедурите и тие да бидат рецепроцитетни и за власта и за опозицијата, Собранието може да функционира.

„Ова не е Деловник кој што е надвор од функционалноста и се употребува долг низ на години, но ако се сака да се употребува на начинот на кој што е напишан. Имаме од една страна, кога СДСМ барале ограничување на траење на седниците што има логика да има предвидливост и затоа е дадена можност на комисиите да се дискутира. Од она што се планира мислам дека е да се ограничат комисиите“, рече Мицевски.

Тој нагласи дека мора да се земе предвид дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е најголема во Собранието и има 44 пратеници.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе