ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со иницијатива за собирање потписи за распишување референдум против Договорот со Бугарија

Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18 јануари 2018. Ова би било референдумското прашање со кое, по денешната одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се оди на собирање на 150 илјади потписи за распишување на референдум.

Според Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се оди со потпишување на иницијатива со 100 квалификувани потписи на која би се потпишал он, членовите на Извршниот комитет и пратениците. Оваа иницијатива за распушување референдум треба да оди на собраниска седница, по што би требало да се донесе одлука за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум. Ние ќе повикаме да се гласа за престанување на важноста на овој штетен договор, рече Мицкоски.

„Според ИК на ВМРО-ДПМНЕ наметнати и потценувачки се условите за бугаризација и идентитетско редефинирање на Македонија. Поддржуваме интеграција во ЕУ, но не и асимилација, промена на историските факти и идентитетско обезличување. Владата и Ковачевски говореа дека историските прашања не се тема на разговор, но излезе дека тие се услов за преговорите на ЕУ. Притоа суверенот во државата, народот не беше ниту прашан, ниту пак Ковачевски има мандат да ја става Македонија во подредена позиција. Попуштивме за многу нешта, pопушти за името, попушти за Бугарија, попушти за преговарачката рамка, а за возврат не доби ништо, освен зголемување на сиромаштијата“, изјави вечерва Мицкоски, по како што рече едномесечни широки консултации со експерти, професори, правници, пратеници, коалициски партнери...

 

 

Референдумското прашање ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој Заев го склучи со Борисов. Тој е изворот и почетокот на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции, затруеното дрво раѓа затруени плодови. Раскинувањето на овој договор ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата итн.

Затоа референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди Извршниот комитет на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?

ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа за престанување на важноста за овој штетен договор.

Очекувам власта да дозволи да се изјасни народот и да се стави крај на уцените притисоците и кочењата на Бугарија. Ова да биде одговор на народот за својата Македонија и за нашата заедничка иднина.

 

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе