Партиска реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл, власта прифати Самоил да е цар бугарски

„Дебакл, според препораките Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија. Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне? Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од сѐ што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирли и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава“, реагира ВМРО-ДПМНЕ како реакција на заклучоците на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовани прашања на Македонија и Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со што Ковачевски и СДСМ, според партијата, свесно се откажуваат од македонската историја и македонскиот идентитет.

„СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава. Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и прашува: „Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија“.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе