Во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците против изборот на Талат Џафери за собраниски спикер

На продолжението од конститутивната седница на Собранието на кој треба да се избере претседател на Законодавниот дом, предлогот за претседател на Собранието го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, според кого, во минатиот период Џафери ефикасно и успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот и успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Алиајнса за Албанците, пак се изјаснија дека нема да гласаат за Џафери. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата нема да даде зелено светло на предлогот на владиното мнозинство, Талат Џафери повторно да биде избран за собраниски спикер. Мицевски додаде дека во изминатиот мандат биле кршени процедурите од првиот човек во Парламентот.

„Во изминатиот мандат се кршеше демократијата, се кршеа процедурите, се носеа закони по скратена постапка. Од 800 закони по скратена постапка беа донесени 300. Затоа ние нема да го поддржиме овој избор на тенкото парламентарно мнозинство кое нема далеку да стигне“, рече Мицевски.

Јован Митревски од СДСМ реплицираше дека е точно оти од 800, 300 биле донесени во скратена постапка, но дека 90 отсто од донесените по скратена постапка биле усогласување на со законот за прекршоци со кои се намалуваат казните за граѓаните.

Во однос на формирањето на владејачкото мнозинство, Митревски рече дека тоа ќе трае цели четири години и оваа држава ќе оди напред, а претседател на Собранието ќе биде Талат Џафери.

 

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова пак кажа дека изборот на собранискиот претседател не треба да биде политички пазар помеѓу владината колација кој треба да биде главниот чувар на Деловникот и процедурите.

„Јас сум една од оние што се борам за лимитирање на мандатите. Политиката не треба да биде функција, туку занимање. Џефери е на функции веќе 19 години и мисалм дека тоа е предлого и затоа сум за лимитирање на мандатите. Се констатираше 117 седница имаше кворум и можеше на истата седница да се реализираат сите точки. Но, таа беше прекината затоа што немавте поддршка од 61 глас. Претседателот мора да биде човек на Парламентот, а не човек на Владата“, рече таа.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, исто така кажа дека нема да гласа за изборот на Талат Џафери за претседател, за што имал два аргументи.

„Првиот аргумент е искуството што го имам од претходниот мандат. Во октомври 2019 година Џафери го прифати Законот со марихуана, злоупотребувајќи го европското знаменце. Имаше и други закони кои беа со европско знаменце, а немаа допирна точка со европската регулатива. Поточно, Џафери не покажа капацитет и не верувам дека и сега ќе го направи тоа“, рече Милошоски.

Како втор аргумент пак го посочи тоа дека Џафери немал кредибилитет, односно СДСМ сега го поддржува, а во текот на кампањата удирале со дрва и камења по раководството на ДУИ. Тој потсети на уште една изјава, за која рече дека Заев ја дал на трибина во Гостивар.

„Заев рече: ‘Ги слушам ДУИ, тие не се борат за народот, туку за власт и пари‘. Заев да каже дали Џафери е во оваа категорија, а ако не е, нека каже за кого зборувал“, додаде Милошоски.

И од Колацијата Алијанса за Албанците-Алтернатива од собраниската говорница кажаа дека нема да дадат поддршка на Џафери, затоа што според нив ова парламанетарно мнозинство е нелегитимно, а Џафери доаѓа како поддршка од таму.

Тие, како што кажаа, не сакаат да учествуваат во изборот на функционер „со вреќа на украдени гласови од страна на ДУИ“.

По ова реагираше пратеникот Изет Меџити од ДУИ кој во својата реплика истакна дека се неосновани обвинувањата на Алијанса за Абанците за спроведените избори после кои немаше ниту еден доказ за какво било фалсификување на волјата на граѓаните.

 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе