ВМРО-ДПМНЕ: Џафери остава трауми врз вработените во Собранието, казна веднаш

Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Македонија, со својот примитивизам и насилие остава трауми врз вработените кои ги малтретира, потребна е казна веднаш. Односот на Џафери со вработените во Собранието, со кој тој ги понижува, малтретира и врши мобинг им остава трајни последици врз нивното психичко здравје. Дополнително го руши угледот на Собранието како во Македонија, така и надвор, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Целиот примитивизам на Џафери одеше во живо на собранискиот канал. Џафери ги згрози граѓаните.

Примитивизмот и бандитскиот однос на Џафери е пример како не треба да се однесува претседател на Собранието, кој е на платен список на буџетот кој го полни народот.
Талат Џафери директно го прекршил чл.14 од Кодексот за етичко однесување на пратениците.
Мандат за санкционирање на Џафери има Комисијата за деловнички прашања, со која претседава пратеникот Панчо Минов, кој треба во најкус можен рок да ја свика Комисијата и да го казни Џафери.
Санкционирањето на Џафери е само прв чекор. Тој треба сам да биде свесен за одговорноста која ја носи функцијата која ја држи и да поднесе оставка.
Ковачевски да не молчи уплашен за својата фотелја. Зошто неговото молчење само покажува дека тој стои зад Џафери и неговиот однос“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе