„Вечерва заеднички се согласивме околу неопходноста за организирање на голем народен протест кој ќе се одржи на 18-ти јуни. Извршниот Комитет одлучи во наредниот период да продолжи активната блокада во Собранието на Република Македонија,“, изјави вечерва потпретседателот на опозицијата Тимчо Муцунски.
Тој воедно додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја остава отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи.