ВМРО-ДПМНЕ бара да се повлечат законските измени за мандатот на судиите и обвинителите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека дел од измените на Законот за именување и дополнување на Законот за работните односи  поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство се крајно проблематични и дискриминаторски и бара да се повлечат измените за мандатот на судиите и обвинителите.

„Со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години за мажи и 62 години за жени, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител.

Со овие измени се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството во Република Македонија.

Како дополнителен податок, според стандардите на Европската Унија, бројот на судии во однос на бројот на население во Македонија е голем“, изјави Дајанчо Ефтимов, пратеник на  Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“.

Според него, со овие измени СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот.

„Ние најавивме дека сите законски решенија кои што се штетни за граѓаните и државата ќе бидат блокирани од наша страна. Таков е случајот и со овој закон. Бараме, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, со што ние како пратеничка група ќе дадеме придонес за измените кои се однесуваат за недела неработен ден“, додаде Ефтимов.

 

 

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе