Влез и излез во Грција само преку Евзони, ГП Меџитлија и Дојрани затворени за сообраќај до 4 август

Грчкиот граничен премин Ники, односно граничниот премин Меџитлија ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај од денеска до 4 август. Ова е дел од новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки за ковид-19.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин Меџитлија од страна на грчката гранична служба од граничниот премин Ники, доставено е известување дека овој грчкиот граничен премин ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во овој период.

„Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони, информираат денеска од МВР.

И грчкиот граничен премин Дојрани ќе биде затворен до 4 август.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе