Политички пазар

Владејачката коалиција со ротации ги пополнува директорските места, ретко каде има нови имиња

Соња Лукаревска како директорка на УЈП стана пратеничка, даде оставка и се врати на директорското место во УЈП. Билјана Јовановска од директорка на Агенција за вработување стана директорка на ПИОМ. Ејуп Рустеми директорската фотеља од Македонски пошти ја замени со директорското место на ЈП Државни патишта. Само Алијанса за Албанците излезе со соопштение и го отвори прашањето за резултатите на старо-новите директори.

По оставката на Орхан Рамадани, кој досега ја вршеше должноста директор во Фондот за здравствено осигурување, на негово место Владата го именуваше Фатон Ахмети, кој е кадар на ДУИ. Но, за оваа позиција се чека на распишување  на конкурс на кој најверојатно ќе се пријави Мухамед Зекири, довчерашниот пратеник на СДСМ и ќе стане новиот директор на Фондот за здравство. Зекири даде оставка на пратеничката функција, а неговото име најчесто се споме

нува за ова директорско место при партиската распределба на директорските места на државните компании.

Зекири стана пратеник како новинар, а експертите велат дека за директорското место на Фондот за здравствено осигурување треба да се бараат менаџерски способности и познавање на здравствениот систем.

На владина седница на предлог на Комисија за именување, донесена е одлука Фарук Омери да биде разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи. Со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи. И Лукаревска поднесе оставка на пратеничката функција.

Лукаревска во август, откако ѝ беше верификуван пратеничкиот мандат ја напушти функцијата директорка на УЈП, а на нејзино место за в.д. директор беше поставен Омери.

Владата за в.д. директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување ја избра Билјана Јовановска, која досега беше директорка на Агенцијата за вработување.

По повлекувањето на досегашниот директор на Македонска пошта Ејуп Рустеми, за најсигурен кандидат на ова место се споменува името на поранешниот заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Рустеми ќе биде назначен за директор на ЈП Државни патишта.

На ваквите кадровски ротации и немањето отчетност на досега сработеното, а некаде и завршување на мандатот и без никаква одговорност, реагираше Алијансата за Албанците, главно за функционерите на ДУИ.

„Нивните функционери како Ејуп Рустеми, кој се очекува да биде директор на патиштата на Македонија, кој доаѓа на оваа позиција од генерален директор на Македонска пошта, по два мандати пратеник, е најлошиот пример на ДУИ што покажува дека оваа партија е малку поразлична од комунистичките партии карактеризирани со доживотни кадри. Се поставува прашањето како овој пропаднат директор на Македонска пошта, со каква заслуга ја доби функцијата директор на Македонски патишта?

Што е со предлогот на Јетон Акики, директор на АЕК, инаку зет на вечниот Невзат Бејта со што ја заслужува оваа позиција, освен што станува збор за зет на Невзат Бејта кого нивната партија го претвори во династија за членовите на нивното семејство?

Што е со браќата Бесими? Едниот доживотен директор на тетовската болница и другиот министер на сите министерства во земјава и на крај министер за финансии? Кој политички субјект може да биде ДУИ кога ја заснова својата политичка активност врз класичниот непотизам, спречувајќи ги младите кадри да се развиваат политички? Нема ли судир на интереси каде треба да реагира антикорупциската комисија? Ова е ДУИ на денешницата која не се разликува од вчера, која се повикува на легитимноста на Албанците, а истовремено ги срами Албанците со „вечниот" Ејуп, генијалните браќа и „способниот" зет на Невзат Бејта“.

А.Д.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе